За прв пат во 84. годишната историја ќе играат во турската Супер лига!

947

Екипата на Умраинеспор за прв пат во историјата ќе игра во најсилната турска лига – Супер лигата. Тоа успеа да го направи денеска со победата над Баликшехир со 4:1 и со тоа го осигура местото во најсилниот ранг на турскиот фудбал.

Умраниеспор е фудбалски клуб формиран во 1938 година и е од населбата Умрание во азискиот дел на Истанбул.

До 2010 година играле во аматерските турски лиги, со повремени појавувања во Четвртата турска лига. Нивниот подем почнува во 2014 година кога за прв пат се пласира во Третата турска лига. По две сезони успева да се пласира во Втората турска лига и се до денеска кога успеа да избори место во Суперлигата за наредната сезона.

Покрај нив во Суперлигата се враќа и Анкарагучу. Последниот, трет патник ќе се знае по одигрување на баражот помеѓу екипите од третото до шестото место.

ПретходноБитолчани разочарани: Не заслужувате да носите зелен дрес, човек се раѓа со СРЦЕ – а вие НЕМАТЕ !
СледноЌе има „фешта“ пред „Јане Сандански“: Ракометарите ги повикаа навивачите (ФОТО)