Интер победи во Удине и ја продолжи потерата по Милан (видео)

118

Екипата на Интер го совлада Удинезе во гости со 2:1 и ја одржа во живот трката по шампионската титула во конкуренција со Милан. „Росонерите“ ја победија Фиорентина, но и Интер вечерва славеше па така бодовната разлика е два поени во корист на Милан.

Перишиќ го доведе Интер во водство во 12. минута, а зголеми Мартинез во 39. минута. Во 72. минута Пусето намали за Удинезе кој имаше доста време да освои бод но не успеа. Македонскиот интернационалец во редовите на тимот од Удине Илија Несторовски остана на клупата.

За Удинезе ова е 12-ти пораз, а Интер ја забележа 22. победа.

ПретходноМЗТ Скопје го размонтира Гостивар
СледноСонот не се исполни: Вардар со шампионски јуриш низ Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)