Попладнево во меч од 30.коло во ПМФЛ, фудбалерите на Струга Трим Лум ќе и гостуваат на Ренова. Силите ќе ги одмерат две квалитетни екипи од кои се очекува да одиграат квалитетен меч.
Струга Трим Лум по убедливата победа над Пелистер со 4:0, посакува и на овој меч со “гипсарите“ да дојде до добар резултат.
Ард Касами, фудбалерот на стружани има свој коментар за тоа што може да се очекува…
“Добро ја познаваме Ренова, знаеме со каков противник ќе си имаме работа. По онаа убедлива победа над Пелистер атмосферата во тимот е позитивна. Ние како тим на секој меч, па и на овој со Ренова, влегуваме максимално. Се надевам дека на ова гостување во Тетово ќе дојдеме до позитивен резултат“ посочи Касами.
Инаку кој ќе победи на овој меч се чини дека и дефинитивно ќе ги разреши сите свои дилеми околу изборување на директен опстанок во ПМФЛ.