Лион го распарчи Марсеј на „Велодром“ (видео)

104

Шок за Олимпик Марсеј во 35. коло на француската Лига 1. Второпласираниот на табелата доживеа дебакл вечерва на својот „Велодром“ од екипата на Лион со 0:3. И покрај поддршката на навивачите кои направија фантастична кореографија, сепак, момците во бело и сино се посрамотија.

Лион ги однесе бодовите и си ги зголеми шансите за излез на европската сцена идната сезона.

Головите за седумкратниот првак ги постигнаа Лукеба, Дембеле и Токо Екамби во второто полувреме.

Марсеј е втор со 65 бода и го држи местото за директен пласман во ЛШ но сега има три бода повеќе од третиот Рен.

Лион е седмопласиран со 55 бода.

ПретходноРускиот тенисер го откри проблемот на Ѓоковиќ
СледноРома не успеа да стигне до место во ЛШ