МЗТ Скопје продолжи во победнички ритам. Актуелниот македонски првак лесно го реши незгодниот состав на Гостивар, кој во минатото коло како од шала ја освои Битола. На домашен терен избраниците на Александар Петровиќ славеа со убедливи 78-55 во меч од четвртото коло во Супер-лигата.
Оваа средба беше решена многу рано. По неколку минути неизвеност, домаќинот со серија од 7-0 поведе со 13-6, пред истекот на десетата минута имаше први двоцифрени 22-12. Во ист ритам продолжи и во втората четвртина, имаше водство од 14 поени 34-20 и 38-24 на одоморот.
До крајот кошаркарите на МЗТ Скопје ја имаа полесната задача, рутински го приведоа дуелот.
Ајви имаше 14 поени, еден помалку запиша Војдан Стојановски. Ефремовски со 13 поени и Рмасон со 12 беа најдобри кај гостите.