Искусниот Португалец постигна преку 20 голови во сите натпреварувања, но не можем сам да го води тимот кон посакуваните резултати, потребна му е поддршка на теренот.
Поради ова, Јунајтед тешко дека ќе избори пласман во Лигата на шампиони, што пак е голем неуспех, особено тоа се однесува на Роналдо, кој ужива да игра во тоа натпреварување.
Англиските медиуми се повеќе шпекулираат дека по една сезона ќе го напушти „Олд Трафорд“, ќе бара тим кој ќе игра во Лигата на шампиони.
Мирор денеска излезе со интересна вест, Роналдо би можел уште ова лето да се врати во Реал Мадрид. Според овој медиуми тој веќе е во контакт со Флорентино Перез, покажува интерес одново да го облече дресот на шпанскиот тим.
Роналдо по заминувањето од Реал остана во добри односи со челниците, па вратите му се широко отворени.
Португалецот има договор со Јунајтед, за неговите услуги Реал ќе треба да плати 10 милиони евра. Но, прашање е како би се вклопил во тимот доколку ова лето дојде и Килијан Мбапе.
Дали станува збор за обична шпекулација или навистина ќе се врати во Реал, останува да видиме на крајот на сезоната.