Мото ГП: Бањаја со апсолутна доминација во Херес! (ВИДЕО)

55

Италијанецот Франческо Бањаја со својот Дукати е победникот на денешната трка за ГН на Шпанија во Херес. Бањаја апсолутно доминираше на трката, како и вчера во битката за пол – позицијата. Тој водеше од стартот до целта со што дојде до првата победа сезонава, а вкупно 15 во својата кариера.

На шестата трка сезонава во „кралската класа“ втор заврши Фабио Квартараро од тимот на Јамаха, додека трет беше Алеш Еспаргаро.

Во генералниот пласман Квартараро на првата позиција сега има 89 бодови, втор е Еспаргаро со 82, следуваат Бастијани и Ринс со по 69 поени.

Следната трка ќе се вози на Ле Ман за ГН на Феранција.

Image

ПретходноЕден од најпознатите фудбалери може да биде дел од империјата на Раиола
СледноБез победник на 431. “Олд Фирм“: Селтик ќе мора да почека на заверка на титулата! (ВИДЕО)