Пелистер не го дава врвот, фуриозно против Еуро Никел

97

Пелистер брзо се врати на старите навики. Кошаркарите на битолскиот тим не дозволија поразот од Гостивар да се одрази врз нивната цел оваа сезона, па против Еуро Никел одиграа фуриозен меч, го совладаа на домашен терен со убедливи 100-83 во рамките на четвртото коло од Супер-лигата.

Со новите бодови Марјан Илиевски и неговите избраници ја зголемија предноста пред најголемиот конкурент оваа сезона, МЗТ Скопје.

Кесар со 23 поени, 8 скока и 6 асистенции беше прво име, 16 поени постигна Пајиќ, два помалку Малешевиќ. Кај гостите, Димчевски и Караколев имаа по 13 поени.

Битолчани тргнаа доминантно во мечот, а истата се должеше на високата реализиација на ударите од три поени пред крајот на третата четвртина имаа 60%.

Поведоа со 33-18 по првата четвртина, поведоа со 12-4, имаа 31-14 пред крајот на овој дел од мечот. На одморот беше 57-36. Иако кавадарчани го добија третиот период со 21-23, сепак таа нивна игра не беше доволна за да се анулира високата негатива.

Во последните десет минути малку падна темпото кај домашниот тим, па гостите се обидуваа да го ублажат поразот. На три минути до крајот намалија на 90-80, но немаа сили за нешто повеќе.

За Пелистер ова беше 23 победа сезонава, има и три порази. На другата страна Еуро Никел засега останува на третото место со скор од 16/10.

ПретходноБез победник на 431. “Олд Фирм“: Селтик ќе мора да почека на заверка на титулата! (ВИДЕО)
СледноБалканот во тага: Почина легендарниот Ивица Осим!