Перез: Првата цел е постигната, Бензема ја заслужува Златната топка

253

Претседателот на Реал Мадрид, и воедно и прв човек на овој клуб, Флорентино Перез секако дека е презадоволен што клубот по 35. пат ја освои шампионската титула во Примера. Реал вчера на домашен терен го совлада Еспањол со 4:0 и ја осигура титулата.

„Јас и навивачите се чувствуваме задоволни. Планиравме да ја освоиме Ла Лига и Лигата на шампионите. Веќе се справивме со првата цел, сега останува втората. Карим Бензема заслужува да ја освои Златната топка. Немаат право да му ја одземат оваа награда. Карло Анчелоти е тренер со големо искуство, но секогаш има критичари. Неговата врска со Реал е очигледна, нашите вредности целосно се совпаѓаат“, изјави Перез на прославата на тимот.

ПретходноГерет Бејл не беше на прославата на титулата во Мадрид
СледноСимеоне: Ни недостасуваше свежина на овој меч и не можевме да го добиеме