ПМФЛ: Пенал – победа за “лавовите“ во битката за Европа, фантастичен гол на Босанчиќ под Шара…

508

Завршија и денешните четири меча од 30.коло во ПМФЛ. Супер интересно беше на дербито во Ѓорче, во битката за Европа во кое победи Македонија ЃП со 1:0 против А. Пандев. Големи три бода за “лавовите“ и тоа преку пенал – победа а го овој меч го одлучи Ермедин Адем со гол од белата точка во 85.минута. Во првиот дел Сефер Емини не успеа да реализира најстрога казна. Судијата Пилешков одлучи во два наврата да покаже на пенал, и двата пенали ги изнуди Матеус.

Тензично беше во Ѓорче, и двете екипи имаа по неколку шанси, позрели беа тие на домашните, но Марко Јовановски блескаше на голот на гостите, но сепак не можеше да го одбрани и пеналот на Адем.

Борец на свој терен успеа со 1:0, со голот на Љума да слави над Скопје.

Во Битола домашниот Пелистер и Тиквеш ремизираа со 1:1, и двата гола, на Драгарски и на Каракамишев паднаа во првиот дел.

Интересно беше и под Шара, каде Ренова и Струга ТЛ одиграа 1:1. Домашните поведоа со несреќниот автогол на гостинскиот дефанзивец Радиќ, но затоа во 64.минута Немања Босанчиќ постигна фантастичен гол од слободен удар.

Вистинска мајсторија, којзнае по кој пат играчот за врска на стружани дава вакви прекрасни голови.

РЕЗУЛТАТИ – 30.КОЛО

БОРЕЦ – СКОПЈЕ 1:0

(Љума 70./)

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 1:0

(Адем (п) 85./)

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1:1

(Драгарски 29./Каракамишев 6./)

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 1:1

(Радиќ (авт) 51.,/Босанчиќ 64,.)

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4:1

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:0

ТАБЕЛА

Шкупи 71, Шкендија 59, А.Пандев 58, Македонија ЃП 56, Брегалница 42, Струга ТЛ 40, Ренова 39, Работнички 37, Тиквеш 31, Скопје 29, Борец 21, Пелистер 11 бодови.

ПретходноСалата „крца“ – нема игла каде да падне (ФОТО+ВИДЕО)
СледноАрсенал ги скроти “чеканите“ во дербито на Лондон! (ВИДЕО)