Златан Ибрахимовиќ би можел да стане дел од менаџерската агенција на Мино Раиола доколку ова лето стави крај на својата кариера.
Златан Ибрахимовиќ би можел да стане дел од менаџерската агенција на Мино Раиола доколку ова лето стави крај на својата кариера.
40-годишниот ветеран беше под „капата“ на Раиола во последните 18 години, беа тандем, навистина блиски. Ибрахимовиќ беше во болница да го посети Мино во последните денови од неговиот живот.
Некогашниот напаѓач на Ајакс, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…со Милан има договор до крајот на сезоната, засега нема информации за продолжување на соработката. Челниците на клубот сакаат да го задржат лидерот, но одлуката ќе ја донесе шведскиот напаѓач на кого тешко му падна разделбата со својот голем пријател.
Иако е во голема болка тој ќе биде на располагање за денешната средба со Фиорентина, неговиот Милан се бори за титула.
Доколку Златан ова лето стави крај на кариерата, постојат големи шанси да ја продолжи да управува со империјата на Раиола.
Како што објави „TuttoMercatoWeb“, Ибрахимовиќ, би можел да стане агент на менаџерската агенција заедно со роднината на Раиола, Виченцо. Ова нема да биде ништо ново, бидејќи уште претходно се пишуваше за Ибра и неговата желба да биде менаџер. Смртта на неговиот голем пријател може само да ги забрза неговите планови.