По првите 45.минути на денешните четири меча од 30.коло во ПМФЛ, голови има само во Битола, на мечот Пелистер – Тиквеш каде резултатот е 1:1. Каракамишев донесе водство на домашните уште во раната фаза од средбата, додека Драгарски го израмни резултатот.
На дербито во Ѓорче, во битката за Европа, нема голови, но имаше многу нервоза, цврста игра на струмичани во одбраната, две големи шанси на “лавовите“ и промашен пенал и тоа од страна на Сефер Емини кој во 8.минута успеа да го утне целиот гол на гостите.
Па така на средбата меѓу Македонија ЃП и А. Пандев на пауза се замина со резултат 0:0.
Со истиот резултат завршија и првите полувремиња на средбите во Тетово меѓу Ренова и Струга ТЛ и во Велес каде се среќаваат Борец и Скопје.