Да го собираше цел град во сала, цела Битола ќе дојдеше да го поддржи Е.Пелистер во обидот да обезбеди титула после 17 години пауза. Избраниците на Жељко Бабиќ ќе имаат максимална поддршка од трибините, „Чкембари“ се на своите позиции, подготвени се да им го дадат потребниот ветар во грб на своите миленици против актуелниот бранител на тронот, Вардар 1961.