Сега Вардар се “крсти“ во Силекс, а Воска Спорт….

8242

Вчерашниот триумф на Вардар над Воска се чини ги “измеша картите“ во битката за баражот за пласман во ПМФЛ. Имено на три кола до крајот речиси Воска Спорт беше со еден чекор во него, но ете вчера во Струга како домаќин загуби со 0:1 и со тоа ги направи пеколни двете последни кола во ВМФЛ – ЗАПАД.

Имено Воска Спорт сега има 55 бодови, а Вардар 52. Јасно е дека охриѓани сеуште се во предност, но сега некои работи зависат и од трет тим, а тоа е Силекс, првакот во оваа конкуренција кој вчера и официјално стави “печат“ на враќањето во елитата.

Имено наредната сабота Силекс игра со Вардар во Скопје а во последното коло во Кратово ја дочекува Воска.

В сабота Воска Спорт игра дома со Беса, а во последното коло Вардар му гостува на Кораби во Дебар.

И од сето ова излегува дека клучот го држи Силекс, и јасно е дека сега вардарци се “крстат“ во клубот од Кратово кој прво мора да загуби во Скопје наредната сабота а потоа да ја победи Воска дома. Тоа е желбата а Вардар.

Вардар мора да освои шест бода, додека Воска мора да освои 4 бодови. Имено во случај и Вардар и Воска и да имаат ист број бодови, тогаш “црвено – црните“ ќе бидат втори зошто имаат подобар меѓусебен скор.

Да. Воска Спорт својата судбина ја држи во своите раце, но сепак како што рековме клучот е во Кратово.

Во секој случај не очекува супер – финиш, два тима кои и тоа како сакаат да се најдат во баражот, а Силекс искрено ќе мора своето внимание да го сврти и кон 20 мај и финалето во Купот на Македонија каде се среќава со Македонија ЃП.

Тоа е приоритетот а кратовци, за нив оваа сезона зарши, и за Вардар и Воска Спорт искрено не им многу гајле.

ПретходноЕ.Пелистер со важно известување до навивачите!
СледноЛеао за “експлозија“ на „Сан Сиро“: Милан ја победи Фиорентина и е се поблиску до титулата! (ВИДЕО)