Се е подготвено за дербито: Извадени столчињата кај „Комитите“, ќе има и дополнително осветлување

1053

Битолчани ги приведоа пред крај подготовките за денешното големо ракометно дерби во домашното првенство. Во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола поставено е дополнително осветлување за светлосни ефекти, а на местото каде ќе бидат “Чкембарите“ се поставува навивачката сценографија.

Од спротивната страна на јужната трибина во горниот лев агол каде ќе бидат сместени навивачите на Вардар, “Комити“, се извадени столчињата за поголема безбедност, како на натпреварот против АЕК, а сигурно околу нив ќе има кордон полиција и обездување.

извор+фото: bitolanews.mk

ПретходноГвардиола: Оваа победа е многу важна во битката за титулата
СледноКасами: Струга ТЛ може до позитивен резултат на гостувањето кај Ренова!