Македонскиот атлетичар Јован Стојовски го собори и националниот рекорд на 100 метри. Денеска на атлетскиот митинг во Бар, Црна Гора македонскиот спринтер успеа да победи и да ја помине патеката за 10,59 секунди што е нов македонски рекорд подобрувајќи го претходниот на Ристе Пандев од 10,61 секунда поставен во 2013 година.
Стојоски во Бар победи и на трката на 400 метри со време од 46,99 секунди.
Toj сега е македонски рекордер во 7 дисциплини: 100 метри, 200 метри и 300 метри на отворено, потоа 400 метри, 200 метри во сала, потоа 400 метри У23 на отворено и во сала.