ТФТ останува во трката за плеј-офот

79

Кошаркарите на ТФТ го победија Феникс 2010 со 85:74 и на тој начин се доближија до позицијата број 4, последната која води во доигрувањето за шампионската тиула. Во исто време, успехот значи и одвојување во однос на конкурентот кој сега има две победи помалку по четири одиграни кола во Суперлигата.

Одлично прво полувреме одиграа кошаркарите на ТФТ во кое и се стекнаа со убедлива предност од 48:32 со што најавија дека бодовите ќе завршат на нивното конто.

Двејн Морган од ТФТ беше најефикасен на мечот со 18. поени, а тој е поранешен член на Феникс. На другата страна Павле Михајлоски уфрли 17, Амар Хот 16.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

 СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ТФТ – Феникс 2010          85:74

Пелистер – Еуро Никел 2005   100:83

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      78:55

ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 22-4, Еуро Никел 2005 16-10, ТФТ 15-11, Гостивар 14-12, Феникс 2010 13-13;

ПретходноНе се повеќе во Вардар ама срцето им е „црвено-црно“: Карачиќ и Дисингер испратија порака (ФОТО)
СледноБитолчани разочарани: Не заслужувате да носите зелен дрес, човек се раѓа со СРЦЕ – а вие НЕМАТЕ !