Ситно броиме до стартот на дерби дуелот меѓу Е.Пелистер и Вардар 1961 за шампионскиот пехар оваа сезона. Актуелниот бранител на тронот имаше шанса во Скопје да ги реши сите дилеми, но дозволи да биде неизвесно до самиот крај и одлучувачкиот натпревар да се игра во Битола.
А овој град од утринава дише во ритамот на ракометот, ништо друго не е важно, Е.Пелистер е на првото место. Загревањето за дербито почна во офицерскиот дом, сите симпатизери на „зелените“ очекуваат победа за голема фешта вечерва и враќање на титулата после 17 години.
Битолската група ,,ПАРКЕТИ” е задолжена за забавата пред мечот, кој е закажан со почеток во 19 часот.