Шампионот со победа ја почна серијата против Бостон, трипл-дабл на Јанис (видео)

95

Бранителот на титулата во НБА, Милвоки Бакс го совладаа Бостон Селтикс во гости со 101:89 во првиот меч од серијата во втората рунда на плеј-офот на Истокот. На натпреварот блескаше Јанис Атнетокумпо со трипл-дабл ефект, 24 поени, 13 блокади и 12 асистенции што е негов втор ваков ефект во плеј-офите.

Инаку најдобар поентер беше Холидеј со 25 поени и 10 блокари, а Боби Портис постигна 15 поени. Кај Бостон најефикасен беше Татум со 21 поен.

Овие две екипи ќе се сретнат повторно во среда наутро по македонско време повторно во ТД Гарден, Бостон. Потоа на 7 и 10 мај ќе играат на теренот на Милвоки.

ПретходноБарселона не дозволи уште еден шок на „Ноу Камп“ (видео)
Следно„Гореше Јане Сандански“: „Комити“ и Вардарци лудо славеа (ФОТО)