Македонскиот репрезентативец Томи Јагуриноски го заврши својот престој на Исланд. Исландскиoт клуб Тор објави дека Јагуриноски следната сезона нема да биде член на тимот предводен од нашит стратег Стевче Алушовски.
Разделбата на Јагуриноски со Тор доаѓа по елиминацијата на екипата во полуфиналето на плеј-оф натпреварувањето. На Исланд засега останува Алушовски. Под неговото водство Тор беше меѓу водечките и успеа да стигне со полуфиналето, но дали ќе остане ќе се знае деновиве.