Иако одигра слаб натпревар, далеку под своето ниво сепак Јувентус успеа со 2:1 да ја победи Венеција, најслабиот тим во Серија А во меч од 35.коло.
Уште еднаш Јуве покажа дека и кога не игра како што треба, сепак знае како да дојде до бодовите. А денеска благодарение на искусниот стопер Бонучи кој беше стрелец на двата гола за “црно – белите“. Прво погоди во 7.минута, и така беше, со тие 1:0, се до 71.минута кога Араму го шокираше домашниот состав со убав гол за 1:1.
Но рековме веќе, Јуве е Јуве и само пет минути подоцна, во таа 76.минута, Бонучи успеа да постигне гол за конечни 2:1 и нови три бода за тимот од Торино.
Два прекина, два гола и тоа е тоа…