Бутел Скопје ја искористи предноста на домашен терен, го совлада Охрид со 19-17 во меч од четвртото коло во плеј-офот. Со новите бодови се зацврсти на третото место на табелата кое води во европските натпреварувања.
Во првото полувеме беше изедначено, водството се менуваше до пред самиот крај, кога домаќинот со два гола во низа успеа да се избори за позитива од два гола (10-8).
По одморот ракометарите на Бутел Скопје продолжија во ист ритам, дојде на плус три 13-10, а потоа полека но сигурно го наметна своето темпо, знаеше како да одржи позитива која ќе биде доволна за мирна завршница.
Митев и Јевтиќ имаа по пет гола, на другата страна Ивановски имаше исто толку голови.