Синоќа во Аргентина се одигра новото коло од овогодинешниот шампионат во кое тимот на Бока Јуниорс на домашен терен го совлада тимот на Бакарас Централ со конечни 2:0.
Овој дуел за нас и не би бил којзнае колку интересен, ако на него не беше постигнат еден од најубавите голови сезонаа.
Искусниот Дарио Бенедето, кој имаше одлична кариера и во Европа, се врати во дресот на Бока и вчера беше стрелец на двата погодоци. Сепак, оној вториот е за во аналите и многу веројатно е најубавиот кој го Бенедето го постигнал во кариерата. Се играше 60. минута, кога напаѓачот зафати еден центаршут со „ножички“, а момент подоцна легендарната „Ла Бонбоњера“ еруптираше од возбуда.