Актуелниот македонски првак, Вардар 1961 за разлика од минатата година, овој пат си го искомплицира патот до одбрана на тронот. Наместо со победа во Скопје да ги реши сите дилеми, вечерва пред полни трибини во Битола ќе мора да го добие Е.Пелистер доколку сака да дојде до титулата број 15.
Пред оваа средба стигна добра вест за навивачите на Вардар 1961. Столе Стоилов, кој се повреди против Охрид ќе биде во составот на „црвено-црните“. Давид Дејвис на денешната средба ќе смета и на услугите на Тимур Дибиров, кој исто така неколку натпревари е надвор од составот.
Вардар мора да го победи денешниот меч доколку сака титула, реми ќе значи радост за битолчани. Средбата е закажана со почеток во 19 часот.