Екипата на Умраинеспор за прв пат во историјата ќе игра во најсилната турска лига – Супер лигата. Тоа успеа да го направи денеска со победата над Баликшехир со 4:1 и со тоа го осигура местото во најсилниот ранг на турскиот фудбал.
Умраниеспор е фудбалски клуб формиран во 1938 година и е од населбата Умрание во азискиот дел на Истанбул.
До 2010 година играле во аматерските турски лиги, со повремени појавувања во Четвртата турска лига. Нивниот подем почнува во 2014 година кога за прв пат се пласира во Третата турска лига. По две сезони успева да се пласира во Втората турска лига и се до денеска кога успеа да избори место во Суперлигата за наредната сезона.
Покрај нив во Суперлигата се враќа и Анкарагучу. Последниот, трет патник ќе се знае по одигрување на баражот помеѓу екипите од третото до шестото место.
¡Ümraniyespor jugará en la Süper Lig por primera vez en su historia!
Consiguieron hacer historia a base de buen juego y una estructura sólida. Son el equipo que más propone en 2da.
Otro equipo de Estambul estará en la élite del fútbol turco. Tendremos 7 (u 8) en la 22/23. pic.twitter.com/Jq7NIgfioR
— Alejandro (@AleParra__) May 1, 2022
🏆 Şampiyonluğu hep beraber kazandık! pic.twitter.com/TgEOx0mtWQ
— Ümraniyespor (@Umraniyespor) May 1, 2022