Милан е се поблиску до Скудетото во Серија А. Попладнево во меч од 35.коло во Серија А, “росо-нерите“ со голот на Леао во 82.минута успеаја да ја победат Фиорентина со 1:0 и со тоа да ја задржат предноста пред Интер, кого денеска го чека дуел со Удинезе на гости.
Милан атакуваше, имаше желба за победа, речиси полниот „Сан Сиро“ со околу 70.000 гледачи, го чекаше и го дочека голот на Леао во финишот. Многу шанси пропуштија домашните фудбалери, но исто така и „Виола“ имаше свои шанси да го шокира Милан.
Сепак на крајот Милан успеа да победи и со тоа да ги стави во екстаза своите фанови. Интересно при резултат 0:0 во игра влезе и Златан Ибрахимовиќ.
На вториот меч во Серија А, Торино како гостин го победи Емполи со 1:3.