Миркуловски го победи Кузмановски во мак-дербито во Бундес-лигата!

86

Филип Миркуловски е победник во македонското дерби во Бундес-лигата. Неговиот Вецлар на гостински терен славеше кај Хановер со 22-26 во рамките на 28. коло во ова натпреварување.

Вецлар победата ја најави уште во првото полувреме, имаше позитива од четири гола (10-14), откако претходно водеше и со плус седум (7-14).Во продолжение не се промени ништо, Хановер не доби шанса за кам-бек.

И Миркуловски и Кузмановски постигнаа по еден гол од два обиди.

Вецлар е на шестото место на табелата со скор од 14 победи, три порази и 11 ремија, додека Хановер е 14-ти, има девет победи, едно реми и 17 порази.

Победа запиша и Штутгарт на Жарко Пешевски, на домашен терен го совлада Лајпциг со 29-25.

ПретходноЦела Битола е на нозе: Започна загревањето за дербито со Вардар 1961 (ФОТО+ВИДЕО)
СледноПолувреме во ПМФЛ: Сефер Емини промаши пенал на дербито во Ѓорче, голови само во Битола!