Италијанецот Франческо Бањаја со својот Дукати е победникот на денешната трка за ГН на Шпанија во Херес. Бањаја апсолутно доминираше на трката, како и вчера во битката за пол – позицијата. Тој водеше од стартот до целта со што дојде до првата победа сезонава, а вкупно 15 во својата кариера.
На шестата трка сезонава во „кралската класа“ втор заврши Фабио Квартараро од тимот на Јамаха, додека трет беше Алеш Еспаргаро.
Во генералниот пласман Квартараро на првата позиција сега има 89 бодови, втор е Еспаргаро со 82, следуваат Бастијани и Ринс со по 69 поени.
Следната трка ќе се вози на Ле Ман за ГН на Феранција.
Hats off @PeccoBagnaia! 👏
That was an INCREDIBLE ride! 🔥#SpanishGP 🇪🇸 pic.twitter.com/fQVOdmVStv
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 1, 2022