ПМФЛ: Во Ѓорче “пресметка“ за Европа, а во Битола “братско дерби“…

245

 

Денеска од 17 часот на програмата се преостанатите четири натпревари од 30.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Ѓорче, каде Македонија ЃП и А.Пандев ќе бијат битка за излез во Европа. Имено ако “лавовите“ победат тогаш тие и тоа како ќе се вклучат во битката за втората и третата позиција на табелата. Треба да се каже дека Македонија ЃП својата шанса ќе си ја бара и преку Купот.

Во случај пак да А.Пандев ја потврди добрата форма и успее да победи, тогаш тешко дека “лавовите“ ќе можат да се надеваат на излез на евро – сцената преку првенството. Можеби затоа ова е меч топка за тимот на Македонија ЃП.

Во Битола ќе се игра “братското дерби“ меѓу Пелистер и Тиквеш и тоа поради блиските контакти на навивачките групи на двете екипи. Битолчани се веќе второлигаши, а кавадарчани веројатно ќе се најдат во баражот за опстанок.

May be an image of crowd, stadium and outdoors

Ренова и Струга Трим Лум се среќаваат под Шара, а во Велес гостува Скопје.

Да споменеме дека вчера, во рамките на ова коло, Брегалница со 4:1 го победи шампионот Шкупи, а Шкендија славеше против Работнички со 1:0.

 

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

МАКЕДОНИЈА ЃП –А.ПАНДЕВ

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ

БОРЕЦ – СКОПЈЕ

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4:1

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:0

ТАБЕЛА

Шкупи 71 (+), Шкендија 59 (+), А.Пандев 58, Македонија ЃП 53, Брегалница 42(+), Струга ТЛ 39, Ренова 38, Работнички 37 (+), Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10 бодови…

ПретходноКасами: Струга ТЛ може до позитивен резултат на гостувањето кај Ренова!
СледноВреме е за „фешта“: Битола чека титулата 17 години, Вардар во поход на 15. пехар