Пресврт: Капитенот на Милан го откачи Лацио, сепак останува на „Сан Сиро“

266

Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, кому му истекува договорот на крајот на оваа сезона, најверојатно, сепак, ќе остане во Милан. Дефанзивецот во последните недели паралелно преговараше со својот сегашен клуб и со Лацио, за кој јавно изјави дека навива од мал.

Медиумите на „чизмата“ очекуваа централниот дефанзивец да го облече дресот на неговите омилени „Бјанкочелести“, но според информациите на Џанлука Ди Марцио, платата што ја нуди сопственикот на „орлите“ Клаудио Лотито е помала од онаа што ќе му ја даде Милан.

Затоа тој и се премислил, па во моментов засилено преговара со Милан за нова соработка.

ПретходноМЗТ Скопје 2 го доби Ангели во дербито на дното!
СледноСалата „крца“ – нема игла каде да падне (ФОТО+ВИДЕО)