Македонскиот голман Столе Димитриевски повторно беше на голот на Рајо Ваљекано кој одигра 1:1 против Реал Сосиедад во 34. коло на шпанската Ла Лига. Столе прими гол по шут од далечина на Александар Сорлот после одлично изработена акција на фудбалерите на Сосиедад.
Но изедначувањето стигна во 78. минута кога ветеранот Радамел Фалкао се најде на вистинското место и една одбиена топка ја смести во голот.
Ова е осмо реми на Рајо сезонава и ја држи 11. позиција на табелата, а Сосиедад е на 6. место со 56 бода, 15 победи, 11 нерешени и 8 порази.