Томпсон ја реши драмата, Голден Стејт поведе со 1-0 (ВИДЕО)

101

Голден Стејт по голема драма славеше на дуелот против Мемфис со 117:116 и поведе со 1-0 во полуфиналната серија во плеј-офот.

Вориорс се вратија од негатива од 13 поени и меч на кој темпото го диктираше противникот. Добрата игра во последната четвртина им донесе водство од 103-93, кое не беше доволно за да дојдат до мирна завршница. Клеј Томпсон постигна важна тројка за својот тим, а потоа промаши две слободни фралања, на голема среќа на другата страна Мемфис не успеа да го врати ударот.

Џордан Пул постигна 31 поен, Стеф Кари беше стрелец на 24 поени, додека Томпсон беше стрелец на 15 поени. На другата страна Џа Морант постигна 34 поени, девет скока и десет асистенции, недоволни за триумф.

ПретходноЃоковиќ: Срцето ми е скршено поради Бекер
СледноГоце Георгиевски откри каков договор имале пред мечот во Битола