ФОТО НА КОЛОТО: Шпалирот во Штип

419

Убава глетка во саботата попладнето на Градскиот стадион во Штип, и тоа непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи. Штипските “сини“ ја имаа таа чест први да му честитаат на новиот шампион на Македонија, па така организираа ШПАЛИР, на кој домашните играчи со ракоплескање ги испратија гостинските фудбалери на теренот, со што им ја честитаа титулата.

Да потсетиме дека овој меч заврши со победа на Брегалница од 4:1.

ПретходноУЕФА ги исфрли клубовите и репрезентацијата на Русија од сите натпреварувања и за следната 2022/23 сезона!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Блесок на Ѓокиќ против шампионот