Екипата на Аталанта не успеа да ги собере бодовите против Салернитана во последниот меч од 35. коло на Серија А. Екипата на Бергамо на домашен терен одигра 1:1 против Венеција, но на крајот мора да е задоволна и со бод со оглед на тоа дека изедначувачкиот гол го постигна во 88. минута.
Салернитана која одамна беше отпишана, во последните неколку кола игра одлично и има големи шанси да избори опстанок. Вечерва имаше победа во џеб и бегство од опасната зона затоа што водеше со голот на Лоуренцо од 27. минута, меѓутоа работата им ја расипа Марко Пашалиќ.
Аталанта има 56. бода и е на осмото место, но е блиску до местата кои водат во Европа. Салернитана е на 18. позиција со 26 бода, два помалку од Каљари кој е во сигурни води.