Вечерва се одиграа два натпревари во Бундес лигата со што е комплетирано 32. коло. Ајнтрахт Франкфурт очигледно е со мислите во полуфиналниот реванш против Вест Хем во ЛЕ, па вечерва не се грижеше премногу на гостувањето во Леверкузен.
Баер беше доминантен и го скрши отпорот на „орлите“ со тоа што ги совлада со 2:0. Паулињо во првото и Патрик Шик во второто полувреме ги дадоа головите.
„Фармацевтите“ воедно освоија многу важни бодови во борбата за излез во Лигата на шампионите. Баер е третопласиран со 58 бода, четири повеќе од петтиот Лајпциг кој вечерва доживеа пораз на гости кај Борусија Менхенгладбах со 3:1. И Лајпциг веројатно е со мислите на реваншот од полуфиналето на ЛЕ против Ренџерс.
Со овој пораз Лајпциг е вон конкуренција за ЛШ, па ќе мора да запне и ќе му треба среќа во преостанатите кола за да излезе во елитното европско натпреварување.
Емболо во 17. минута го доведе Менш во предност, а изедначи Нкунку во 36. минута, додека пред крајот на првиот дел Хофман повторно го доведе домашниот тим во предност. Истиот играл во 77. минута ги постави конечните 3:1. На гостите не им помогна ни тоа што домашните од 64. минута играа со фудбалер помалку.