Витцел потврди дека заминува од Дортмунд, следна дестинација е САД!

102

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Аксел Витцел со сигурност ја напушта Борусија Дортмунд, а неговата следна дестинација се Соединетите Американски Држави, поточно во локалната Мејџор Сокер Лига каде што ќе се упати и голманот на „милионерите“ Робан Бурки.

По изненадувачкиот пораз од Бохум во саботата (3:4), Витцел изјави дека заминува од „Сигнал Идуна Парк“.

„Запознав одлични луѓе овде, поминав фантастични сезони. Сепак, нема да играм за Борусија наредната сезона“, изјави белгискиот интернационалец.

Неговата следна дестинација е МЛС. За него се интересираат Лос Анџелес Галакси и ФК Лос Анџелес како и новата франшиза Сент Луис Сити.

Витцел претходно играше за Стандард Лиеж, потоа Бенфика, па Зенит, па кинески Тјанџин, а во 2018 година премина во Борусија Дортмунд.

 

ПретходноТухел: Кога играме солидно секогаш губиме
Следно„Не сакам да навивам за Сити ама не можам да гледам како Ливерпул освојува трофеи“