Болтон играше против Флитвуд во Третата англиска лига, а нивниот играч Дион Чарлс го постигна еден од најлудите голови во европскиот фудбал оваа сезона. Напаѓачот ја затресе мрежата на противникот од пола терен и тоа без намера. Дион направи клизачи за да освои топка за својот тим, а тоа на крајот излезе удар кон противничкиот гол.
Со оглед на тоа дека противничкиот голман беше излезен напред немаше време да реагира и да спречи погодок. И тој беше изненаден од ударот.
What a goal Dion Charles #bwfc pic.twitter.com/fCEXbN3d9B
— BWFCBWFC (@bwfcbwfc) April 30, 2022