Вардар 1961 ја доби најважната битка оваа сезона. Го совлада Е.Пелистер на гостински терен и широко го отвори патот кон 15. титулата во својата историја. Актуелниот македонски првак на дело покажа зошто двапати се искачи на европскиот трон и каков карактер треба да има шампионот.
По триумфот во Битола, ракометарите во Скопје оваа победа ја прославија со дел од своите навивачи. „Комити“ ги чекаа пред СЦ „Јане Сандански“, направија вистинско шоу во кое сите заедно уживаа.