Дортмунд го потврди Шлотербек, на ред е Адејеми

165

Борусија Дортмунд денеска го комплетираше трансферот на централниот бек на Фрајбург Нико Шлотербек. 22-годишниот фудбалер кој е стандарден во Фрајбург се сели на „Сигнал Идуна Парк“ и потпиша петгодишен договор кој ќе стартува од јули.

Тој треба да биде замена за Мануел Аканџи кој е цел на многу премиерлигашки клубови и најверојатно ќе му биде дозволено да замине.

Следна цел на Борусија Дортмунд е напаѓачот на Салцбург Карим Адејеми. Неговиот ефект сезонава во Австрија е одличен, па „милионерите“ брзаат да го договорат за да не бидат претркани од конкурентите.

ПретходноПо новите санкции на руските клубови нашиот победник во Купот ќе оди директно во 2.квалификациско коло во ЛК!?
СледноКлоп: Сакаме да играме финале