Менаџерот на Сергеј Милинковиќ Савиќ, прославениот српски ас, Матеја Кежман, изјави дека неговиот клиент има две отворени понуди. Од екипите на ПСЖ односно Манчестер Јунајтед.
„Не е тајна дека Сергеј има отворени понуди од ПСЖ односно Манчестер Јунајтед. Исто така не крие дека сака да заигра на Олд Трафорд. По завршувањето на сезоната, ќе одлучиме каде ќе заминеме, а во моментов тој е фокусиран само на финишот на сезоната со Лацио“ – изјави Кежман.