Мангупски потег на Стојанче Стоилов во Битола (ФОТО)

5842

Борко Ристовски по победад над Е.Пелистер во Битола од 23-26, изјави дека за дерби мечевите во домашниот шампионат се клучни македонските играчи. Искусниот чувар на мрежата потенцира дека токму тие знаат како да се носат со притисокот и атмосферата кога се играат истите.

Ристовски не е далеку од вистината. Вардарци до важните бодови дојдоа на крила на македонските играчи. Стојанче Стоилов и Борко беа клучни во одлучувачките моменти, а капитенот на Вардар 1961 пред и за време на ваквите мечеви секогаш знае како да се справи.

Добро е познато дека Столе не е миленик на „Чкембарите“, но и покрај тоа, тој пред мечот и покрај навредливите зборови упатени кон него отиде кај фановите на Пелистер се поздрави, а потоа доби едно пакување колбаси.

Ги зема и направи фотографија со навивачите на Е.Пелистер. Овој потег доаѓа по неговиот голем гест во Скопје. Вардар беше поразен од битолчани, а капитенот на „црвено-црните“ отиде во соблекувалната на гостите и им однесе гајба пиво.

ПретходноВлезе „клизачи“ за да освои топка, а постигна гол од пола терен (видео)
СледноЃоковиќ: Срцето ми е скршено поради Бекер