„Мајсторка“ ќе решава за шампионот: Работнички израмни на 2:2 во женското финале

340

Одбојкарките на Работнички успеаја да слават со 3:1 на гостувањето кај шампионот Јанта Волеј КВ во четвртиот натпревар од финалната серија на домашното првенство. Во уште еден извонредно интересен меч кој заврши во четири сета, гостинките покажаа повеќе трпение во клучните поени и на крајот успеаја да дојдат до израмнување на серијата на 2:2.

Оваа победа за најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната значи дека ги очекува „мајсторка“ и тоа на домашен терен. Петтиот меч ќе биде пресуден за титулата, откако претходно Јанта Волеј КВ „прокоцка“ две меч-топки за освојување на шампионскиот пехар и оваа година.

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ (Ж)

ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАР:

ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ. – РАБОТНИЧКИ 1:3 (20:25, 25:15, 20:25, 14:25) / (2-2)

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Блесок на Ѓокиќ против шампионот
СледноПобеда е на потег: Прилеп в сабота станува ПРВОЛИГАШКИ град!?