Екипата на МЗТ Скопје Аеродром, денеска слави една деценија од првата освоена титула во домашниот шампионат. Пред точно десет години, на 2 мај 2012, МЗТ Скопје Аеродром ја освои својата прва титула со која се започна низата од осум трофеји до денешен ден.
Овој пребогат со трофеји период, е окарактерисиран секако како најбогатиот во историјата на клубот, и кој е плод на години вложување и напорна работа на секое клупско ниво.