До крајот на сезоната во Англија ќе гледаме вистинска битка меѓу Манчестер Сити и Ливерпул за пехарот.
До крајот на сезоната во Англија ќе гледаме вистинска битка меѓу Манчестер Сити и Ливерпул за пехарот.
„Граѓаните“ ја бранат титулата, додека Ливерпул овој пат е само на бод зад нив. До крајот на сезоната остануваат уште четири гола, што пак е најава за спектакл. Двата тима се во одлични форми, а покрај Премиер-лига, тие се борат во полуфиналето на ЛШ, па нема да биде чудо ако ги видиме и во финалето.
Од друга страна пак фановите на останатите тимови не се пресреќни, особено оние на Манчестер Јунајтед, кој оваа сезона потфрли.
Пред неколку дена некогашниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Димитар Бербатов призна дека повеќе го сака Сити да го види на тронот отколку Ливерпул.
„Сето тоа боли, но мора да се почитува Ливерпул. Не го сакам Сити, но не сакам да видам како Ливерпул освојува дури четити е*ани трофеи“, рече Бербатов.