Пипен повторно го “пецна“ големиот Мајкл!

400

Јавна тајна е дека Скоти Пипен и Мајк Џордан уште од времето кога играа заедно во Чикаго Булс, а освоија шест титули во НБА, не се поднесувале најблаго кажано, а сега како пензионири уште повеќе.

Нема шанси во некое интервју Скоти или Пипен да не се “пецнат“. Дали причината навистина е фамозната Мадона која го откачила Џордан поради Пипен на времето, или “злобата“ на Пипен зошто Мајкл е Мајкл, навистина само тие двајца си знаат.

Па така деновиве Скоти на промоцијата на својата книга “Незачуван“ на прашањето како тоа никогаш на ја освои титулата за најдобар дефанзивец во НБА во една сезона, тој одговори…

Да, навистина, и јас се прашувам како тоа барем еднаш не ја освоив таа титула. Веројатно биле зафатени со гледање на тоа што прави на паркетот Мајкл Џордан“ посочи Скоти Пипен.

ПретходноКОМЕНТАР НА 30.КОЛО: „Зоврива“ битката за Европа…и Шкупи има право некогаш да се опушти!
СледноУЕФА ги исфрли клубовите и репрезентацијата на Русија од сите натпреварувања и за следната 2022/23 сезона!