Фото: BitolaNews
Денес во Битола на 68 годишна возраст, ненадејно, почина Благој Мицковски – Гркот, поранешен фудбалер на Пелистер, за кој слободно може да се рече дека е една од легендите на битолскиот фудбал.
Благој Мицковски – Гркот остави неизбришливи траги во битолскиот фудбал, потекнува од младинската школа на Пелистер и како ретко кој фудбалер од Битола целата своја кариера ја помина во матичниот клуб. Бил дел од „златната генерација“ на Пелистер која што во 1974 година се избори за историски пласман во Втората југословенска лига.
Погребот на Мицковски ќе биде утре во 12 часот во Светонеделските гробишта во Битола.