По новите санкции на руските клубови нашиот победник во Купот ќе оди директно во 2.квалификациско коло во ЛК!?

711

 

Така е тоа. Кога некој е казнет или санкциониран, тогаш некој друг „ќарува“. Имено вечерва излезе една шпекулација дека по новите санкции на руските клубови мак – фудбалот и тоа како добива.

Познато е дека УЕФА доцна попладнево ги исфрли од сите свои натпреварувања репрезентацијата на Русија и клубовите од таа земја и за наредната 2022/23 сезона.

Тоа значи дека ќе има поместувања на клубовите учесници во Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции, односно во квалификациите.

Па така, како што веќе рековме,според некои најави,иако ова треба допрва да се провери, нашиот победник во Купот на Македонија, а тоа ќе биде Силекс или Македонија ЃП, директно ќе се пласира во 2.кваликациско коло во Лигата на Конференции. Се разбира дека тоа значи уште во старт повеќе пари, нешто што нашите клубови најмногу ги радува. Кога ќе земат од УЕФА 300.000 или 500.000 евра од своите настапи, за повеќе да не говориме.

ПретходноПочина Благој Мицковски-Гркот, еден од легендарните фудбалери на Пелистер
СледноДортмунд го потврди Шлотербек, на ред е Адејеми