Вршителот на должност менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека сеуште немал разговор со новиот тренер на клубот, Ерик Тен Хаг, и дека не ги знае неговите планови за во иднина. Тој смета дека токму Тен Хаг треба да одговори на едно од клучните прашања за тимот, дали и колку му е потребен Кристијано Роналдо и дали тој ќе биде дел од новиот Јунајтед.
„Мора да го прашате Ерик Тен Хаг за Кристијано Роналдо дали ќе се вклопи во неговиот систем. Инаку, Роналдо покажа дека се уште може да биде витален дел од овој тим. Сепак, очигледно е дека на тимот му требаат повеќе напаѓачи. Со сигурност се потребни двајца или тројца нови напаѓачи“ – изјави Рангник во интервју за Sky Sports.
Германецот е уверен дека Тен Хаг ќе ги привлече оние играчи со кои тимот може да се развива без потреба да бидат големи ѕвезди. Тој како пример го наведе начинот на работа во Манчестер Сити и Ливерпул, кои според него толку долго не станале најдобри тимови во светот.
„Тој има уште два натпревари како тренер на Ајакс. Имаме уште три натпревари до крајот на сезоната. Кога ќе сака да разговара со мене и да размени мислења, ќе бидам повеќе од среќен да го направам тоа. Сè уште чекам повик од него. Сигурен сум дека го има мојот телефонски број. Знам дека тој ќе биде менаџер кој ќе ги земе вистинските играчи. Затоа, сигурен сум дека навивачите и новинарите ќе видат подобар тим следната сезона. Да се надеваме дека ќе бидеме во подобра позиција во поредокот“ – истакна Рангник.