Бразилскиот интернационалец од редовите на Евертон, Ришарлисон се соочува со суспензија од три натпревари. Причина за тоа е фрлената димна бомба, по неговиот постигнат гол изминатиот викенд против Челзи на домашен терен. Ришарлисон во еден момент на прославата, со рака ја подигна димната бомба која беше на теренот, и ја врати на трибните од каде што истата беше фрлена.
Сега, ФА поведува своја истрага околу целиот случај и на напаѓачот му се заканува суспензија поради ваквото однесување.
Unreal @richarlison97 throwing the flare there hahahaha pic.twitter.com/CZEEoS4w4F
— Michael (@MichaelSwan98) May 1, 2022