Се разбира дека кога ќе му дадеш два гола на шампионот, на најдобриот тим сезонава во ПМФЛ, кога ти ќе бидеш „виновен“ за убедливиот триумф од 4:1 против еден таков тим каков што е Шкуп, тогаш тоа се наградува со епитетот – играч на колото. Тоа е Милан Ѓокиќ, напаѓачот на Брегалница,
Покрај него од тимот на „сините“ е и Мартин Стојанов, кој исто така беше стрелец, но на еден гол.
Македонија ЃП ја победи А. Пандев во „Битката за Европа“, па во тимот на колото се Адем, Мишевски и Матеус кој “изнуди“ два пенали за својот тим.
Голманот на гостите Марко Јовановски прими гол од пенал, но затоа одбрани барем три зицери во Ѓорче. Во тимот на колото се и Каракамишев од Тиквеш, Драгарски од Пелистер, Љума од Борец, Босанчиќ од Струга ТЛ и Дориев од Шкендија.
ИГРАЧ НА КОЛО
МИЛАН ЃОКИЌ
Тим: Брегалница
Роден: 12.09.1997 во Лесковац (Србија)
Кариера: Спартак, Челарево, Бачка, Моравац, Златибор, ТСЦ (Србија), Брегалница